17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Скопје е во хаос после една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

По една година локална и градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Град Скопје е во целосен хаос. Повеќе од една година не само што нема нови проекти, туку Град Скопје не може да ги сервисира ниту основните услуги, соопшти СДСМ.

„ За првпат во историјата, граѓаните на Град Скопје останаа без јавен превоз, а поради тендери и провизии, поради бизнис интереси на Христијан Мицоски и поединци од ВМРО-ДПМНЕ, скопјани цела недела живеат во блокиран град.

Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други јавни градски претпријатија. Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од членовите на Управните одбори на јавните претпријатија.

Една година им требаше на шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да го заглават како што претходно 11 година ја заглавија државата“ обвинуваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК