10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мисајловски: Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат идеите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ, но и нашите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат граѓаните и да разговараат за сите идеи, за сите проекти и така да ги направат своите буџети, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека граѓаните имаат различни барања, дел од инфраструктурата, дел од образованието, некои лични проблеми, но тоа е добро бидејќи можеме да видиме дека граѓаните се задоволни што се тука и што можат да го кажат своето мислење.

Мисајловски истакна дека ова е одлична акција и изрази надеж дека вака ќе продолжи и следните години каде што граѓаните ќе си го прават својот граѓански буџет.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +