25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

За многу години Свети Климент Охридски – Честито име на сите кои го носат

Денот посветен на македонскиот просветител од средниот век се одбележа со низа активности во повеќе градови во Македонија. Македонскиот јазик и битот на македонскиот идентитет е сочуван со векови, благодарение на мисијата на просветителите а меѓу нив ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски.

По тој повод во раните утрински часови во соборниот храм во Скопје кој го носи името на Свети Климент, се одржа света архиерејска литургија со која чиноначелствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Државна делегација пак пред споменикот на Климент Охридски кај универзитетската библиотека положија венци со свежо цвеќе.

Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на 3.500 ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците, туку и за целиот словенски род.

Остатоци од оваа школа не се зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет каде се зачувала традицијата на глаголицата додека кирилицата потеклнува од дванаесеттиот век.