23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

БОРОТЬБА УКРАЇНИ, рубрика на украински јазик на медиумската платформа на ЦИВИЛ

Рускиот агресор непрекинато бомбардира цивилни цели и инфраструктура низ цела Украина. Украинските домови и институции често се без струја. Тоа предизвикува и намалување на можностите да се објавуваат информации и содржини на украинските медиуми.

Во знак на солидарност, ЦИВИЛ на својата медиумска платформа ја отвори рубриката БОРОТЬБА УКРАЇНИ (Украинска борба), во која ќе се објавуваат вести и други медиумски содржини на украински јазик.

Првата содржина објавена на украински јазик е поврзана со проектот „Отпорно новинарство на Балканот“ кој ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Youth4Media и во која една од најважните теми е токму руската пропаганда насочена против Украина и демократскиот свет. Авторка на текстот е Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина.

Рубриката е отворена на CivilMedia и CivilToday.