Делегација на зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин, Ана Угринска, Ервин Реџепагиќ и Александар Пандиловски учествуваше на Шестиот конгрес на Европските Зелени, кој се одржа од 2-4 декември, во Копенхаген. На конгресот се дискутираше за: зелени и социјално праведни решенија за енергетската криза, зелени решенија за отпорност на системите за храна, улогата на локалните советници во постигнувањето зелена транзиција, ургентната потреба од климатска правда и одданочување на богатите за да се спаси климата.
Се разговараше и за значењето на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Унапредувањето на човековите права, правата на жените, ЛГБТИК+ луѓето и луѓето со попреченост се теми кои исто така беа во фокусот на конгресот. Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше како панелист на дебатата за позитивните искуства и предизвиците за остварување на ЛГБТИК+ пријателска Европа.