Денеска по подолг период повторно се упатени закани за поставени бомби во Скопје.
Но освен во средните училишта, денеска дојава за бомба имаше и во едно основно училиште а тоа е училиштето ,,Петар поп Арсов” во скопски Карпош.
МВР потврди дека сите дојави за бомби се лажни.
Она што е симптоматично е што заканите се упатени кон училишта под надлежност на Град Скопје а последното основно училиште е под надлежност општина Карпош.
Заедничко за Град Скопје и општина Карпош е што и двајцата градоначалниците беа поддржувани од ВМРО-ДПМНЕ но само по неколку месеци соработката се растури со тешки меѓусебни обвинувања за сторени криминали.
Сето ова отвора нови аспекти на појавата која е карактеризирана како хибриден напад.
Дали ова е своевиден чин на одмазда или притисок врз градоначалници кои беа со ВМРО-ДПМНЕ а сега веќе не се, треба да покаже истрагата, пишува 24инфо.