Centar.mk
ЛОКАЛНО

Лајка: Рекордни 111 стерилизирања на кучиња за еден месец

И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието и предизвиците со кои се соочуваат вработените во ЈП ЛАЈКА секојдневно, во недостаток на ресурси за работа и неисплатени плати, тимот на ЈП ЛАЈКА максимално и професионално се вложува во остварување на успеси, велат од ЈП Лајка.

Во изминатиот месец ноември се спроведени 111 стерилизации/кастрации на бездомни кучиња и со оваа бројка е срушен рекордот на успешно изведени операции на месечно ниво досега во ЈП ЛАЈКА.

За овој рекорден остварен резултат должиме благодарност на целиот тим при Амбулантата на ЈП Лајка, на нивните заложби, посветеност и професионалност, велат од Лајка.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје почна со обновување на јавните површини во центарот

C +

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

ДЕСК

Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја

C +
error: Соддржината е заштитена.