Четиринаест пратеници поднеле амандман на Буџетот за 2023 година со кој „се предлага да се обезбедат средства во висина од 92.400.000 денари за изградба на модерно училиште со енергетски ефикасна градба „Димитар Макеонски“ во населба Лисиче.“
Но, училиштето е веќе изградено, за што се пофали и градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на 01.02.2022 година: „Од денеска учениците ќе можат да бидат во една топла атмосфера тука да ги поминуваат своите училишни денови.“
„Господа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, знае ли потпретседателот на вашата партија Тимчо Муцунски, дека барате средства за изградба на училиштето кое тој свечено го пушти во употреба на 1 февруари оваа година?“, прашува СДСМ на прес конференција.
Еве кои четиринаесет пратеници го потпишале амандманот.
превземено од ИМА.мк