Караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва е во Гази Баба каде пред присутните говореа претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска и членот на ЦО, Оливер Спасовски.
Претседателката на Форумот на жени, Тренчевска истакна дека СДСМ и во време на најголема светска економска криза, на дело покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.
Уште во првите денови од мандатот ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари и со пензионерите договоривме нова методологија која придонесе пензиите да растат со рекордно темпо. Само вториот од двата пакета мерки 760 милиони евра, опфаќа близу 200.000 граѓани кои четири месеци ќе добиваат финансиска помош. Четири месец директна финансиска помош ќе добиваат пензионерите со пензии до 14.000 денари, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, лицата со попреченост, самохраните родители…тоа е на дело вистинска грижа за нашите граѓани. И последните антикризни мерки дадоа резултат, цените на основните прехранбени производи почнаа да се намалуваат, порача Тренчевска во Гази Баба.
СДСМ за грижи за граѓаните, но се грижи за националните и државните интереси, за безбедноста и иднината на оваа земја, порача членот на ЦО Оливер Спасовски.
– Сите државотоврни одлуки важни за иднината на државата ги има донесено СДСМ. Оваа година конечно по 17 години чекање, ги почнавме преговорите за членство во ЕУ. Јас сум еден од оние кои го потпиша Договорот со Фронтекс, на македонски јазик со чиста формулација без додавки и без фуснот. Со тоа паднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводно бришење и преименување на македонскиот официјален јазик. Како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ. Политиките на СДСМ носат придобвки за граѓаните. Затоа и земјава се најде на 36-то место на листата најбезбедни земји во светот, порача Спасовски пред граѓаните на Гази Баба.