Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Велес: Главниот град е на раб на колапс, на Мицкоски му е касно да се извини

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес кажа дека власта докажала дека е возможно во ек на најголема криза да се инвестира во патната инфраструктура и поврзување на нашата земја со европските земји. Новите патни делници и оние на кои активно се работи тој ги припиша на неговиот економски план за напредок.

-Наредната година ќе биде подобра и тоа ќе го докажам! Оние од ВМРО-ДПМНЕ што велат дека нема да успееме се истите оние кои 11 години ја заглавија земјава а денеска ги заглавија општините кои ги предводат. Погледнете што се случува во Велес, погледнете што се случува во Скопје. Наместо да се развиваат, општините под водство на ВМРО-ДПМНЕ стагнираат, нема нови проекти, нема ништо. Главниот град е нефункционален, на раб на колапс. Наместо нов градски превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси и тие што ги има не возат, рече Ковачевски.

Според него, ваква катастрофа на главниот град му се случува само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните раце во медот.

-И го слушам Мицкоски вели немал намера да им се извини на граѓаните за хаосот во Скопје. Касно ти е Мицкоски веќе за извинување увидоа граѓаните, ја гледаат и вашата неспособност и катастрофата што ја создадовте. Проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги остава ние од СДСМ ќе треба да ги решаваме, за граѓаните, не за политика, истакна претседателот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на скопскиот аеродром

ДЕСК

Лишен од слобода скопјанец, при преглед пронајдена дрога

ДЕСК

НАЈАВЕН ПРЕС ВО СДСМ: Во 12 часот и 30 минути ќе се обрати д-р Венко Филипче

ДЕСК