24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Премиерот на ручек со студентите: Треба да ги слушаме ставовите на студентите и да го подобриме нивниот стандард

„Додека сум јас претседател на Владата, гласот на студентите ќе се слуша. Студентите ќе бидат дел од процесот. Тие секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, конструктувно, а ние треба да сме тука да ги слушаме нивните ставови“ рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата и ручекот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Тој додаде дека студентите се нашата иднина и поради тоа треба да се разговара и да се преземаат мерки за подобрување на нивниот стандард.

„И одлуките кои што јас ги носев, тие мачни одлуки за кои што ви зборував, тие одлуки ги носев за идните генерации. А идните генерации на оваа држава се токму тие студенти што седат кои што сега седат во клупите на сите универзитети во државата“ рече Ковачевски.

Премиерот повтори дека никој нема да биде оставен сам во кризата, но и во визијата за иднината, а тоа се гледа од политиките и мерките.