Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Енергетската транзиција веќе е во тек, создаваме струја од македонското сонце

Оваа криза покажа колку е важно да се има силно стопанство и силно домашно производство, но покажа и колку е важна енергетската независност и енергетска транзиција. На дело ја гледате енергетска трансформација каде со нашето сонце се позиционираме како иден зелен центар на Европа, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Тетово.

-На овој начин обезбедуваме зелена, еколошка и далеку поевтина струја и тоа се гледа на дело. 27 мегавати фотоволтаични централи имаме пуштено во употреба за само 10 месеци во овој краток период од мојот мандат. Енергетската трансформација ја започнавме со електраната Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Дополнително на оваа локација веќе се градат и фотонапонски централи со капацитет од 100 мегавати. Во Свети Николе неодамна почна со работа најголемата фотоволтаична централа во државата од 17 мегавати а во истиот регион во следниот период треба да биде пуштена во употреба 25 мегавати од ветерна централа. Сите 130 мегавати ќе бидат пуштени во употреба во наредниот период. Ова, почитувани е мојата енергетска визија на дело, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.