14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Левица со потпалувачка анти-ЕУ реторика е фактор кој го загрозува европскиот пат

Политичкиот субјект Левица, со опасниот популизам, со својата анти-НАТО и анти-ЕУ запалива реторика е посилен фактор на дестабилизација и на загрозување на европскиот пат, рече вечерва на трибина во Тетово, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Опасноста е дотолку поголема затоа што оваа партија ги има земено Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како заложници. Мицкоски е слаб, без визија, без став, а ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки обезличена и затоа Левица со своето дејствување стана десница и ги зема во целосно заложништво, додаде Ковачевски.

Овие потпалувачки политики се реална закана за земјата, за сегашните и идни генерации, закана да се попречи европскиот пат, а државата да се врати во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро но ќе си легнете гладни и сами навечер, непризнаени и осамени., додаде Ковачевски.

Пироманските политики може да ја украдат иднината на земјата и ние тоа не смееме да го дозволиме. И нема да го дозволиме. Нема да дозволиме опасни политички пиромани да ја загрозат иднината на земјата која што толку многу ја сакаме. Сите ние овде, сите ние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати тоа нема да го дозволиме. На нашето општество не му треба враќање назад, туку визија за европска и економски напредна држава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.