Најбитно е граѓаните да знаат дека не живееме повеќе во заробена држава, каде што се плашеа граѓаните да спомнат име на некој штој ја води тогашната УБК, сегашната АНБ, посочи пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 анализа“.
Костовски нагласи дека АНБ е фомирна да започне нова ера безбедносниот систем по сите аномалии што ги покажа УБК.
Сите ги паметиме не така далечните времиња на прислушувани 20.000 граѓани, меѓу кои опозицијата, новинарите, поединци НВО, бизнис секторот, каде олицетворите на раководство беа врхушката на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, истана Костовски, додавајќи дека разликата во оваа демократија и од пред неколку години е светлосни години.
Костовски рече дека премиерот има постојано прес конференции и дава свои мислења, вклучително и за овој проблем, и директорот на АНБ имаше опсежна прес конференција за она што се случува.
Никој не бега од одговорност, најбитно од се е да се детектираат пропустите, да се направи нотификација кој згрешил, како згрешил, дали има некој пропуст, намера, лукративна цел, а потоа ќе има консеквенци, одговорноста мора да се лоцира, но да и дадеме шанса на истрагата, истакна Костовски.
Тој ја нагласи доблесноста на раководителот на АНБ, кој истакна дека не бега ни во Грција ни во Будимпешата, туку е во Скопје и ја чека истрагата.
Морам да ја пофалам одлучноста на владата, на затворена седница да го отповика државјанството, да ја повлече одлуката за доделување на државјанство на тоа лице, рече пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 анализа“.