26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСвест

РКЕ утврди нов ценовник за нафтените деривати

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,478 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,046 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 85,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

ДЕСК

Во второто тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година

ДЕСК

Трамп ѝ се закани на Кина со царини од 200 проценти: „Мора да ни дадат магнети“

C +