Министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата, која се одржув во Џерба, Тунис.
Пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата, Османи реафирмира дека Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право.
“Северна Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и принципите на Повелбата на Меѓународната организација на франкофонијата како и Повелбата на Обединетите Нации”, истакна Османи.
Министерот рече дека промоцијата на мирот и човековите права, се врвен приоритет на земјата, особено поради фактот што наскоро ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка на Европа.