24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 8 именувани функционери од владата на СДС и ДУИ ја чинат Македонија 1,5 милиони евра, а пари за народот нема

Аферата Паразити го разоткри аздисаното и апсурдно трошење на парите на граѓаните за плати на функционери именувани од оваа власт на СДС и ДУИ. Последниот пример за тоа се хонорарите на Андреј Жерновски и Кире Станкоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Андреј Жерновски добива месечен надоместок од 1000 евра како координатор на проектната единица за изградба на клинички објект. Од министерството за здравство до сега има добиено 18.000 евра, а граѓаните не можат да видат ниту цигла од неговото координирање. Вториот пример, пак, Кире Станковски добива 2.000 евра месечно како генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, а во исто време тутунарите од прилепско не можат да си го наплатат трудот и едвај врзуваат крај со крај. Во еден мандат Станковски ќе заработи речиси 100 илјади евра.

Додека лицемерната власт на СДС и ДУИ ги тера граѓаните да штедат, дури ги тера студентите да преживуваат, дури крати средства за проекти во интерес на граѓаните под изговор дека нема пари, функционерите кои ги именува добиваат баснословни суми за плати и хонорари.

Од досегашните примери видовме дека само 8 функционери именувани од СДС и ДУИ ја чинат Македонија приближно 1,5 милиони евра. Аферата Паразити ќе открие и нови случаи на раскалашено трошење во време кога народот гладува, се вели во соопштението.