Владата донесе и Одлука за обезбедување финансиски средства на ЈП Национална радиодифузија за 2022 година.
Со средствата од оваа одлука националните радиостаници ќе се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации.
Ова значи дека делумно ќе се покријат трошоците на националните радиостаници, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година, во вкупен износ од 7.500.000,00 денари, со средства од буџетот на Владата, предвидени во делот на антикризните мерки.