Centar.mk
БИЗНИС

Изгласани законите за задолжување на државата кај ММФ и Светската банка

Собранието по скратена постапка ги усвои законите за задолжување на државата кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Законот за задолжување кај ММФ со кредитна линија за претпазливост и ликвидност беше донесен со 53 гласа „за“ и 19 воздржани. Потоа, пратениците го донесоа и Законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка. За овој закон „за“ гласаа 52 пратеници, а 18 беа воздржани.

Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ треба да се обезбедат 530 милиони евра.

По завршување на 92. седница, Собранието ја продолжи 88. пленарна седница.

Можеби ќе ве интересира

ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА АЛТА БАНКА ВО СРБИЈА – Нов пресврт по одземањето на банкарската дозвола

ДЕСК

ПОДЕКС–ПОВЕКС 2026: Роботи, критични минерали и одговорно рударство во фокусот на советувањето во Охрид

ДЕСК

Сигурна енергетика во дигиталната ера: Јакнење на сајбер-отпорноста

ДЕСК