23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бесими: Со ИФМИС ги дигитализираме процесите во јавните финансии за поефикасна, попредвидлива и поодговорна фискална политика

15 ноември 2022, Скопје – Министерството за финансии заедно со Светска банка работи на воспоставување Интегриран информациски систем за управување со финансии ИФМИС. ИФМИС системот е дел од реформата во јавните финансии, со кој ќе се дигитализираат процесите и ќе се осовремени системот. За реализација на овој проект денеска во Собранието беше усвоен Предлог на Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка.

„Подобрувањето на управувањето со јавните финасии и зајакнување на среднорочното буџетско планирање се едни од најголемите приоритети на Министерството за финансии и Владата на РС Македонија. ИФМИС системот ќе ја подобри ефикасноста и транспрарентноста во управувањето со јавните финансии, што ќе се постигне преку поврзување на посечките фрагментирани и неповрзани системи на една централизирана дигитална платформа. Тој значи импелментирање на напредни технологии во работењето за што се залага Владата„, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.

ИФМИС системот е предуслов за воспоставување современ и модерен начин на управување на јавни финансии, кој пак бара високо ниво на дигитализирани процеси. Интегриран информациски систем за управување со јавни финансии ќе ги опфати меѓу другото буџетското планирање, извршувањето на буџетот (вклучувајќи ги сите расходи приходи и операции на единствената трезорска сметка); управувањето со долгот; поврзување со други системи за автоматска размена на податоци во Владата; веб портал за обезбедување сигурен пристап на сите овластени буџетски корисници и други овластени јавни субјекти.

Воспоставувањето на ИФМИС системот е регулирано и произегува од новиот Закон за буџети, кој претставува значајна реформа во јавните финансии и која ги поставува фискалните правила кои стануваат конзистентни со оние на ЕУ и ја прават фискалната политики попредвидлива и поодговорна.

Проектот ќе се спроведува со финансиски средства во износ од 20 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и грант од 4,9 милиони евра. Проектот ќе се спроведува во период од 4 години.

Покрај воспоставувањето на овој систем, со законот е предвидено да се имплементира нов Информациски систем за управување со државна помош и Информациски систем за управување со даночните приходи на Управата за јавни приходи.