Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, заедно со потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, денеска се сретна со Ираче Гарсија Перез пратеничка во Европскиот парламент и претседателка на пратеничката група на Социјалисти и демократи во Европскиот парламент.
На средбата се разговараше за евроинтегративниот процес на земјава, справувањето со последиците од светската криза, како и за соработката помеѓу двете сестрински партии.
Генералниот секретар, потпретседателката и секретарот за меѓународна соработка и се заблагодарија на европратеничката за досегашната поддршка што нашата држава ја добива од пратеничката група и изразија уверување за дополнително продлабочување на соработката.
Гарсија Перез посочи дека земјава има целосна поддршка од пратеничката група на Социјалисти и демократи во процесот на интеграција во Европската унија и дека СДСМ како сестринска партија има целосна поддршка на мерките и политиките што ги презема.
На средбата заеднички беа испратени пораките за национално единство за носењето на потребните уставни измени со кои конечно ќе отворат кластерите и ќе се забрза процесот на преговори.
Европската пратеничка Гарсија Перез изрази поддршка кон пристапот на СДСМ на граѓаните директно да им ги објаснат придобивките од социјалдемократските мерки како што се зголемувањата на минималната плата и пензиите и мерките за помош на ранливите категории, додавајќи дека во време на светска криза, граѓаните имаат најсилен сојузник токму во социјалдемократските влади.