10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Ирена Попова се откажа од ВМРО-ДПМНЕ, ќе делува како независна во Град Скопје

Се тенчи мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, откако советничката Ирена Попова од денеска одлучи да ја напушти групата и ќе дејствува како независна. За оваа одлука таа беше наградена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска, пишува СДК.

– Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје. Не сакам повеќе да бидам дел од групата која ја блокира работата на Градот – рече Попова.

Ова е втор советник кој ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Претходно тоа го стори Александар Трајковски, кој како член на ГРОМ, по што беше назначен од Арсовска за заменик-градоначалник.

Во Советот на Град Скопје сега ВМРО-ДПМНЕ има 16 советници, СДСМ 12, ДУИ има 5 советнции, а Левица 4. По два советника на локалните избори добија ЛДП и Зелен хуман град, а по еден Алијанса за Албанците и Алтернатива. Од денеска во Советот има и два независни советника.

извор: 24Инфо

Можеби ќе ве интересира

Без струја делови од Општина Центар

C +

Герасимовски: Се санира пешачката патека од хотел „Best Western“ до Министерството за финансии

ДЕСК

Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

C +