24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија според Индексот на мизерија е меѓу првите држави во Европа

Соопштение на ДПМНЕ:
„Македонија е втора (трета ако се вклучи Турција) на врвот на листата во Европа според Индексот на мизерија. Овој индекс којшто е комбинација на годишната стапка на инфлација и стапката на невработеност бил создаден од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфација.

Добивај вести на вибер
Денес, Индексот на мизерија повторно е во интерес низ светот како што расте инфлацијата, а невработеноста останува релативно висока. Преку индексот на мизерија може се утврди економското страдање на една земја од инфлацијата и невработеноста, зошто поголемата невработеност води до помал доход во целина, а повисоката инфлација води до повисоки трошоци за живот. Кога државите имаат високи стапки на невработеност и висока инфлација, луѓето немаат доволно доход ниту за набавка на основните работи. Таков е случајот со македонските граѓани. Високата инфлација е присутна и во балтичките земји, но истите имаат ниски стапки на навработеност, што ги прави помалку економски и социјално ранливи отколку Македонија.

Кај нас, економска беда и социјално страдање на македонските граѓани од високата инфлација и високата стапка на невработеност е меѓу највисоките во Европа. Оваа политичка структура ја разгоре инфлацијата до нивоа какви што не сме имале од 1995 година наваму, а стапката на невработеност и понатаму е една од највисоките во Европа, а Владата не спроведува политики за нејзино намалување. Затоа расте и сиромаштијата.

Доста е од најнеуспешната Влада во македонската независна историја!“.