Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со антикризните мерки се намалуваат цените на лебот и основните производи

Соопштение на СДСМ:

„Со антикризните мерки се намалуваат цените на лебот и основните производи

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски носи навремени и ефикасни мерки и политики за ублажување на последиците од најтешката светска економска криза.

Последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи веќе ги дава првите резултати.

Цените на лебот и на основните прехранбени производи се намалуваат.

Поевтината струја за компаниите ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основините прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании, а околу 200.000 граѓани од ранливите категории во текот на наредните месеци ќе примаат финансиска поддршка.

СДСМ делува одговорно во време на криза. Грижата за сите продолжува“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК