Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пост-ковид периодот и високата инфлација – ефекти врз стопанството и банките

Во понеделник, 14 ноември, 2022 година, со почеток од 16:30 часот, проследете ја онлајн дебата во организација на првата македонска банкарска академија – АБИТ, а под капата на Глобалната недела на претприемништво. Видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството ќе говорат за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови.

Говорници:
1. Проф. д-р Љубе Трпески, македонски економист, универзитетски професор, поранешен министер на Владата на РСМ и поранешен гувернер на Народната банка
2. Проф. д-р Никола Поповски, економски експерт; професор на Факултетот за Економија и Менаџмент; поранешен министер за финансии;
3. Проф. д-р Борче Треновски, економски експерт; професор на Економскиот факултет во Скопје;
4. Бојан Цветановски, Претседател на Извршниот одбор на Здружението на финансиските пазари на сите банки во Македонија – АЦИ; Раководител на оддел / Филијала НЛБ Банка АД Скопје;
и претставници на македонското стопанство и бизнис заедницата:
5. Трајан Ангелоски, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија;
6. Тања Дејаноска, Потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Модератор: Проф. д-р Синиша Наумоски, претседател на Академски совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ

Целта на овој настан е да ја долови и детално дискутира моменталната состојба на компаниите и банкарскиот сектор, како и предизвиците со кои што се соочуваат за време на пост-ковид кризата. Имено, овој настан стреми кон развивање на финансиска писменост и свесност за надминување на состојбата и разрешување на негативните импликации кои се резултат на кризата во пост-ковид периодот.

📍 Локација: Пренос во живо на Facebook
Времетраење: 16:30 – 18:00 ч.

Можеби ќе ве интересира

Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите

C +

Николоски: Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица

ДЕСК

Електродистрибуција го имплементира најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со мрежа

ДЕСК