25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бектеши: Во следните денови ќе поевтинат месото, млекото и лебот

Граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекари и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.

– Веќе почна намалувањето на лебот. Очекуваме намалување на основните пребранбени производи. Утре ќе донесеме одлука да го прошириме списокот со компании од прехбранбената индустрија. Ќе ги внесеме гранките одгледување на молзни крави, говеда и одгледување на свињи за да се затвори кругот при производство на месото и млекото. Тоа ќе одигра улога во крајната цена за потрошувачите. Очекуваме празнични цени, односно цените да се намалат пред новогодишните и верските празници – рече министерот Бектеши.

Тој очекува во следните пет дена да поевтини млекото, а во следната недела и месото.

– Откако ќе профункционира мерката на Владата за субвенционирана електрична енергија, очекувам поголемо намалување на цените – додаде тој.