26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Францускиот козметички гигант се враќа во Русија

Француската козметичка компанија „Лореал“ (L’Oréal) е подготвена да продолжи да продава некои од своите најпопуларни брендови, соопшти Министерството за трговија на Русија, пренесува „Раша тудеј“.

Козметичките и парфемските брендови Ланком, Редкен, Ив Сен Лоран, Џорџо Армани и Керастасе ќе се вратат на рускиот пазар и затоа ќе бидат исклучени од листата на таканаречениот паралелен увоз, објави во понеделник руското Министерство за трговија.

„Ова стана возможно поради подготвеноста на овие компании да продолжат со испораките на нивните производи во Русија“, рече портпаролот на министерството.

Голем број меѓународни козметички брендови, вклучително и гиганти како што се Лореал и Унилевер, ги прекинаа своите активности во Русија по почетокот на конфликтот со Украина.

Во март Москва го легализираше таканаречениот паралелен увоз, кој овозможува испорака на производи без дозвола на сопствениците на трговски марки, за да се задоволи побарувачката за странска стока на рускиот пазар.

Француската козметичка компанија сè уште нема коментар.