26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Врв на неодговорноста, ВМРО-ДПМНЕ блокира 100 милиони евра во време на криза

Соопштение на СДСМ:

Дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ во време на енергетска и економска криза, во период на здравствената криза, но и пред кризите, се одликува со деструктивност, опструкции, блокади делување на штета на граѓаните и државата.

Врв на неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е блокирањето 100 милиони евра наменети за полесно справување со последиците од енергетската криза.

Поради свесно и намерно блокирање на законското решение од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по налог на Христијан Мицкоски, среде енергетска криза, ЕБОР стопираше 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ.

Мицкоски дури се пофали со „успешната“ блокада.

Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ наместо да помогнат, дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение, кое треба да обезбеди финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории во наредните четири месеци.

Во Собранието држат блокирaни над 100 закони важни за граѓаните и државата.

Ништо не се менува во Белата палата, ВМРО-ДПМНЕ останува деструктивна партија која дејствува на штета на граѓаните и државата.