9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи од утре во дводневна посета на Софија, ќе се отворат темите за билатералните односи меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од утре (07.11.2022 г) ќе престојува во дводневна работна посета на Софија.

За време на билатералната посета, покрај средбата со министерот за надворешни работи, Николај Милков, Османи ќе оствари средби и премиерот Галаб Донев, како и со лидерите на главните политички партии, претставени во Собранието на Република Бугарија: Бојко Борисов од ГЕРБ, Кирил Петков од Продолжуваме со промената, Мустафа Карадај од Движењето на правата и слободите, Корнелија Нинова од Бугарската социјалистичка партија, Христо Иванов од Демократска Бугарија и Стефан Јанев од Бугарски подем.

На средбите се очекува да бидат отворени темите за актуелностите поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, исполнувањето на преземените обврски со Протоколот и Договорот за Пријателство, актуелните геополитички предизвици и сојузништвото во НАТО, како и можностите за продлабочување на економската соработка.

Во рамки на билатералната посета, Османи, заедно со домаќинот Милков ќе учествуваат и на тркалезната маса што ја организира Центарот за проучување на демократијата во Софија, на тема „Промовирање на конструктивен капитал во Бугарија и Северна Македонија“.

Можеби ќе ве интересира

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.