24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

163 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 163 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 71 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.