Денеска, Јуроп Хаус Скопје – првото „место на новата генерација“ во Северна Македонија го одбележа својот трет роденден. Во оваа прилика, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија ги презентираше плановите за проширување на мрежата на Јуроп Хаус и во други градови.
Поминаа три години откако тогашниот претседател на Европскиот парламент Дејвид Сасоли (1956 – 2022) симболично им го предаде клучот од Јуроп Хаус Скопје на македонската младина. Јуроп Хаус го замени поранешниот Инфо центар на ЕУ со цел да им служи првенствено на младите и да функционира како младински центар. Денес, на третиот роденден, во Северна Македонија има 3 канцеларии на Јуроп Хаус – во Скопје, Крива Паланка и Струмица. А на 4-ти (ноември) амбасадорот Гир ги презентираше плановите за 4 нови Јуроп Хаус – во Битола, Струга, Тетово и Велес. Овие нови „места на новата генерација“ ќе бидат отворени во текот на 2023 година, со што ќе се обезбеди избалансирано присуство.
Презентацијата беше направена пред градоначалниците и претставниците на соодветните општини и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Дизајните направени за идните Јуроп Хаус се достапни во прилог.
Роденденската програма на Јуроп Хаус Скопје ќе му оддаде почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901 – 1964). Отворен повик кој ги охрабрува младите уметници (18-35 години) да создадат продолжение на еволуцијата на човештвото претставено во мозаикот на отворено на Личеноски „Апотеоза на трудот“. Мозаикот всушност го величи трудот, кој е главниот елемент на 2023 година како Европска година на вештини.
Сите роденденски активности ќе се реализираат во партнерство со Националната галерија. Некои од нив ќе се одржат во Куќата Музеј на Лазар Личеноски во Скопје, додека други вклучуваат:
• Ликовна изложба на секакви уметнички дела создадени од студенти и професори од Факултетот за ликовни уметности како резултат на нивната инспирација од наследството на Личеноски. Уметничкото дело ќе биде достапно за јавноста преку социјалните мрежи.
• Ликовна работилница за деца во Јуроп Хаус Скопје.
• Започнување на разговори за култура, односно серија дебати за подигање на свеста дека културното наследство е и културна иднина. Првата ваква дебата, насловена „Размислете напред – затоа што културата е важна“ ќе и оддаде почит на Вјоса Бериша (1972 – 2022), поранешна директорка на Јуроп Хаус.