26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Украдено југо во Дабиље, полицијата го најде и му го врати на сопственикот

На 04.11.2022 во 01.30 часот во село Дабиље, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.Д.(22) и О.Х.(40), двајцата од Струмица и О.А.(24) од Штип. Тие биле затекнати во патничко моторно возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, за кое претходно сопственикот Ц.Г. од Струмица пријавил дека му било одземено.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а возилото било вратено на сопственикот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.