Размена на облека, редизајн на обувки, работилница за
преработка на стари парчиња облека во нови, проекции на кратки филмови,
промоција на биоразградлив производ се само дел од активностите во рамки на
настанот организиран од „Fashion Revolution Macedonia“, кој ќе се одржи на 5-ти
ноември (сабота) во опуштената и урбана атмосфера во „Platform 0.10“.
„Постојано се сретнуваме со луѓе кои се водат по истите вредности и ја делат нашата
визија. Така дојдовме до неколку локални артисти кои работат одржливо и во име на
одржливоста и одговорното живеење ќе бидат дел од претстојниот настан.“ – велат
организаторите.
Движењето „Fashion Revolution Macedonia” преку ваквите иницијативи и активности
придонесува за намалување на наметнатото купување од брендовите кои се познати
како брза мода. Брендовите кои се касифицираат како брза мода, изработуваат 52
модни колекции годишно, истите не се транспарентни за начинот на набавување на
материјалите и изработка на истите, за условите во кои работат луѓето кои ја шијат
облеката, и за тоа колку ги плаќаат луѓето кои ја изработуваат облеката.
„За да ја намалиме потребата за купување на облека, на овој начин преку размена
може да направиме есенска обнова на нашиот плакар со што ќе уживаме носејќи
облека која на некој друг веќе му е мала или голема, која не во нивен стил или
едноставно веќе е носена на неколку настани и истата само стои во плакарот без да се
носи повторно. Размената на облека ќе биде едноставна, и тоа ваша задача e да
донесете 5 носливи испрани парчиња облека, и да си земете 5 други парчиња облека
од некој што го направил истото како вас. Ова е со цел да ги носиме разменетите
облеки и да го обновиме нашиот плакар без да купуваме нови облеки.“ – потенцираат
од Fashion Revolution Macedonia.
Покрај размената, со работилницата за редизајн на облека ќе се даде нов живот и
преработка на веќе износените парчиња облека. Исто така, гостите на настанот се
поканети да донесат исчистени патики/ штикли подготвени за креативно исцртување.
Присуството е значајно бидејќи ќе придонесе за подигнување на свеста за заштита на
животната средина и за подобра иднина.