Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари, пронајдени 16 лица мигранти од Индија

На 31.10.2022 во 20.30 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од с.Инџиково, скопско.

При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., биле пронајдени 16 лица мигранти од Индија, меѓу кои едно женско лице.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен надлежен Јавен обвинител. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК