27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ужас: Уапсен монструм во Хрватска: силувал и заведувал деца преку интернет

Дваесет и едногодишен Хрват е уапсен под сомнение дека силувал и злоупотребувал деца и малолетници.

dobivaj vesti na viber
Полицајците од Загреб заедно со полициски службеници од Вараждин и во координација со Одделот за малолетничка деликвенција и младински и семеен криминал на Управата за криминалистичка полиција при Управата за полиција и Жупаниското државно обвинителство во Загреб во текот на септември и октомври 2022 година ја спроведоа оперативната акција „Немезис VII“ со цел идентификација на жртви на кривични дела на сексуална злоупотреба и експлоатација на деца.

Со опсежна кривична истрага утврдиле дека 21-годишен хрватски државјанин, користејќи социјални мрежи и апликации за споделување содржини, извршил вкупно 56 кривични дела на штета на вкупно 35 жртви, од кои 31 малолетно лице и 4 полнолетни девојки.

Станува збор за спектар на тешки кривични дела, вклучувајќи подведување деца, силување, сексуална злоупотреба на дете под 15-годишна возраст, експлоатација на деца за порнографија, проституција, закани, воведување деца во порнографија и поттикнување деца да ги задоволат сексуалните потреби. Се сомничи дека сторил и едно кривично дело неовластено користење лични податоци на штета на полнолетно машко лице.

Осомничениот е уапсен на 27 октомври, спроведен е од надзорникот на притворот на Јавното обвинителство во Загреб, а врз основа на предлог на Жупаниското државно обвинителство во Загреб, истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одреди мерка притвор.