На вечерашната трибина на СДСМ во Крива Паланка, Димитар Ковачевски, зборуваше и за почетокот на изгрaдбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 – делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, додавајќи дека целосно го разбира скептицизмот кај граѓаните но дека пругата кон Бугарија станува реалност.
„30 години овој проект стои во место. „Пругата наречена надеж“ е сосема прецизна формулација. Свесен сум дека постои скептицизам, и разбирам зошто постои. Системот има слабости, напукнат е на многу места. Но, за да можеме да го поправиме, треба најпрво да си го признаеме, а потоа да засукаме ракавите, да се зафатиме со работа и што е најважно, да го сработиме. Затоа кажав и пред вас повторувм уште еднаш, пругата кон Бугарија станува реалност. Деценискиот сон на паланчани, но и на многу жители од овој регион и од целата држава, конечно ќе се оствари.“ рече Ковачевски.
Ваквите капитални проекти, се проекти за идните генерации и со нив Северна Македонија станува поврзана со европските железнички коридори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина Силно и одлучно кон иднината во Крива Паланка.