Хипокризија е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за имоти, таа парија е квалификувана како злосторничко здружение, порача вечерва пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата Клан дебата на Телевизија Клан.
– Со судска пресуда е потврдено дека Белиот дворец таму каде што ВМРО-ДПМНЕ функционира е стекнат на криминален начин, односно со злоупотреба на парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ функционира во луксузен дворец каде една вазна чини 180.000 евра, има тепих од 20.000 евра, паркет од 70.000 евра и тие денес зборуваат за имоти, порача Талески додавајќи дека и овој обид на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање од неработењето на нивните градоначалници пукна како меур од сапуница.
Талески посочи дека согласно закон секој функционер мора да достави анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата.
– Секој државен функционер има обврска според закон да го пријави имотот, доколку не го стори тоа тој ќе биде санкциониран според истиот закон. Ја повикуваме ДКСК да ги санкционира сите кои во предвидениот рок не поднеле анкетен лист без разлика на која партија припаѓаат и без разлика која функција ја извршуваат, повика Талески.