25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Митрески: Очекував ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за лагите дека јазикот е продаден

„Денес очекував дека опозицијата барем ќе се извини за тоа што кажуваа дека јазикот не е гарантиран, дека се случило предавство, дека не знам кој што прифатил“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека слични напади по потпишувањето на договорот за Фронтекс има и во Бугарија, каде што Џамбаски ги критикува ГЕРБ, Борисов, Петков бидејќи прифатиле македонскиот јазик да биде без придавки и додавки.

„Единствена цел на ова е создавање хистерија меѓу граѓаните за ситни политички поени, за да се крене и изманипулира јавноста“ изјави Митрески.

Пратеникот додаде дека очекува за сите прашање кога станува збор за стратешки цели, дека и власта и опозицијата ќе работат заедно без да ги манипулираат и лажат граѓаните.