23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска Стојчевска: Се грижиме за граѓаните и за стандардот, нашата визија е економски силна и стабилна држава

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трбина на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ денеска во Могила истакна дека во овој тежок период, кога сите ги чувствуваат последиците од кризата СДСМ е тука за граѓаните.

Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Членство во ЕУ до 2030 година со заштитен македонски јазик и идентитет. На тоа сме посветени, на тоа работиме. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, да седиме на големата маса во Брисел рамноправни, силни и побогати од денеска. Се грижиме за граѓаните и за стандардот, но и гледаме напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ, затоа СДСМ оди заедно со граѓаните силно и одлучно кон иднината, порача Костадиновска Стојчевска .

Таа нагласи дека и во врема кога се случи воената агресија врз Украина и од економска криза предизвикана од ковид пандемијата, светот влезе во подлабока економска и енергетска криза, СДСМ не се поколеба, туку дополнително мотивиран работи уште поефикасно и подобро

Презедовме мерки и политики за помош на граѓаните и компаниите, во првата половина од оваа година донесовме пакет од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството, месецов, донесовме нов пакет на мерки за помош вреден 350 милиони евра, каде директно им се помага на над 200.000 граѓани кои се со ниски примања. Тоа значи дека за само неколку месеци одвоени се 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните, што е околу пет отсто од БДП, што е најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан, нагласи Костадиновска Стојчевска .

Потпретседателката на СДСМ Костадиновска Стојчевска нагласи дека оваа светска економска криза покажа колку е важно домашното производство на храна и енергија.

Затоа за оваа година покрај повисоките и навремени субвенции обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добиваат дел од субвенциите, за да имаат пари кога најмногу им се потребни, истакна Костадиновска Стојчевска .

Во врска со енергетската криза, Костадиновска Стојчевска нагласи дека се масимизирани домашните капацитети за производство на електрична енергија, за да се намали зависноста од увоз.

Струја и енергенси ќе има доволно. Државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании, заради пониски трошоци за електрична енергија, сите основни и средни училишта се префрлуваат на регулираниот пазар на електрична енергија, а струја по повластена цена ќе има и за здравствените установи, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека до почетокот на месец декември ќе започне реализација и на пакет мерки за помош на компаниите кои произведуваат основни продукти за да се спречи нов раст на цените на овие производи.

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека СДСМ презема навремени и ефикасни мерки, а истовремено ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното и штетно дејствување.

Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно блокираат над 50 закони во интерес на граѓаните и државата. Меѓу нив и законот кој обезбедува 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза, а на локално ниво не работат ништо, освен масовна партизација на општините, рече Костадиновска Стојчевска .

Разликата е очигледна меѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, порача отпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трбина на СДСМ во Могила.