Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Средба на претседателот Пендаровски со слависти и македонисти во Полска

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Варшава во рамки на официјалната посета на Република Полска, оствари средба со слависти и македонисти кои живеат и работат во Полска.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за нивните актуелни проекти и активности во насока на изучувањето, проучувањето и промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура, научната размена, соработката со институциите во Северна Македонија и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Претседателот Пендаровски го истакна значењето на континуираниот систематски и научен придонес на македонистите и славистите кои живеат и работат во Полска, во негувањето и промовирањето на македонскиот јазик, литература и култура и порача дека нивниот ангажман дава многу значаен придонес во развојот и одржувањето на пријателството меѓу двете земји и образовните, културните и јазичните македонско-полски врски.

Можеби ќе ве интересира

Времето повторно изненадува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.