Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден малолетник кој бил удрен од автомобил додека управувал велосипед

Вчера околу 13:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с. Режановце, Кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(29) од с. Режановце, удрило во малолетен велосипедист од истото село.

По несреќата велосипедистот бил пренесен во Ургентен центар – Куманово, каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК