На 23, 24 и 25.10.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на пет моторни возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци. Притоа, контролирани биле четири автобуси и едно патничко возило, кои не ја поседувале законски пропишаната документација.
Имено, при контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, управувано од Т.К.(24) од општина Василево, два автобуса со битолски регистарски ознаки, управувани од С.З.(56) од Битола и од Т.К.(47) од Битола, два автобуса со скопски регистарски ознаки, управувани од З.М.(65) од Скопје и од А.Г.(40) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.