Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот.

Белиот дворец од каде ВМРО-ДПМНЕ држи прес-конференции е нелегално стекнат имот потврден со судска пресуда во предметот Талир 2.

Како не им е срам да држат прес-конференции во криминално стекнат имот кој е пред конфискација? Барем да излезеа од него ако имаа малку доблест.

Нема поголема, подрска и покриминална,на шема отколку онаа за стекнување на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако го веќе сака да зборува за нелегално стекнат имот, ВМРО-ДПМНЕ нека си погледне прво во сопствените редови.

Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?

На кој начин Сашо Мијалков го стекнал луксузниот имот кој го нудеше како гаранции при судските процеси?

Се што ВМРО-ДПМНЕ има како информација за анкетните листови нека ги достави до Државната комисија за спречување корупција, наместо заради безидејност да ја замајува јавноста.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +