15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен дилер од кичевско, пронајдени дрога и пиштол

На 21.10.2022 во 21.45 часот на крстосницата на ул.„Загорје“ со регионален пат Кичево-Осломеј, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.А.(25) од с.Гарани, кичевско. При преглед во возилото „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, во кое бил сопатник, кај него биле пронајдени остатоци од марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошни простории на А.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пиштол „Екол“ со една празна рамка. Тој бил задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Среде бел ден во Скопје нападната пензионерка додека била во продавница

ДЕСК

18-годишна скопјанка нападната од нејзиниот партнер

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.