Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во свое име и во името на партијата упати честитки до новоизбраниот претседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Стефан Левен(https://pes.eu/about-us/the-party/president/).
Левен е докажан пријател и партнер на СДСМ и државата, кој како премиер на Шведска во изминатите години даваше силна поддршка на реформите и евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
„Во името на сите граѓани, Ви благодарам за досегашната силна поддршка на мојата земја, која очекувам да продолжи и во иднина. Исклучително го цениме вашиот досегашен придонес за евро-атланските интеграции и задржување на курост на проширување на Унијата, како основни, темелни вредности. После 17 години ги започнавме преговорите со ЕУ, во тек е скрининг процесот и очекувам оваа одличната заедничка соработка во рамки на ПЕС да продолжи и во иднина. Заедништвото, еднаквоста, солидарноста и јакнењето на социјалдемократијата во Европа се дел од нашите заеднички цели зад кои стоиме!“ стои во честитката на Ковачевски.
Претседателот Ковачевски му се заблагодари на досегашното раководство на ПЕС за работата.
СДСМ како дел од Партијата на европските социјалисти продолжува да гради партнерски односи со сестринските партии и активно да учествува во процесите на унапредување и промоција на социјалдемократските вредности.