„ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалничката да си замине бидејќи ги излажала. Таа ги излажала, но излажавте и вие. Тука има и ваша одговорност, таа беше ваш кандидат“ рече советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева до нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андонова во „24 анализа“ на ТВ24.
Јанчева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше Арсовска, одеше со неа на терен и славеше победа.
„Вие ја промовиравте програмата, кажувате дека и ваши луѓе ја направиле програмата по која работиме и по која треба да се реализираат проекти. Одговорност треба да имате и вие и во најмала рака треба да се извините до граѓаните“ рече Јанчева во дебатата со Андонова.