Јапонија во септември не увезувала руска нафта, а во првата половина од фискалната 2022 година го намалила вкупниот увоз на нафта и нафтени деривати од Русија за 59,9 отсто, покажуваат денеска објавените податоци од Министерството за финансии.
Увозот на руски јаглен во Јапонија е намален за 82 отсто во септември, а за 45,6 отсто во првата половина од фискалната година.
Токио минатиот месец го намали увозот на руски течен природен гас за 10,7 отсто, но на ниво на првата половина од фискалната година увозот се зголеми за 2,2 отсто.
Јапонија во септември го намали и увозот на руски житарки за 81,9 отсто, а зеленчук за 76,7 отсто. Во првата половина од фискалната година увозот на месо од Русија скокна за 300 отсто, но минатиот месец увозот беше целосно прекинат, покажуваат податоците.
Увозот на руско овошје е зголемен за 912,8 отсто во првата половина од фискалната 2022 година.
Истовремено, извозот на јапонски медицински производи во Русија во септември скокнал за 578,2 отсто, на компјутери за 124,3 отсто, додека извозот на автомобили е зголемен за 21,7 отсто, мотоциклите за 14,6 отсто, а резервните делови за 76,6 отсто.