27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костовски: Опозицијата креира уставна криза, ние нема да дозволиме

„Опозицијата со маестрални и театарски претсави во Комисијата за избори и именувања, со филибастеринг се обидува да ги оспори предлозите за уставни судии од мнозинството. Како одговорни пратеници ние нема да дозволиме уставна криза, како што не дозволивме ни парламентарна криза“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека до крајот на неделата ќе може да се изберат двајца уставни судии кои веќе го поминаа филтерот на Комисијата за избори и именувања.

„Уставни судии се бираат по постоечка законска регулатива, каде има определни критериуми и ние не може да работиме поинаку. Предлагам во блиска иднина да седнеме и заедно со консензус да разговараме за промени на законот за избор на уставни судии со цел да имаме поквалитетен, потранспарентен и заеднички избор на судиите“ рече Костовски.

Пратеникот од СДСМ ги оцени како бесмислени сегашните дискусии на опозцијата бидејќи се зборува за се, освен за уставните судии што е матрицата која ја води ВМРО-ДПМНЕ, очекувајќи дека ќе добијат некакви политички поени.