8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

НУРЕДИНИ: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.

По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели.

На средбата се разменија информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство. Секако се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.

Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

ДЕСК