24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Вкусно е: Направете домашен намаз „киндер буено“ со само три состојки

Во многу земји можете да купите намаз „kinder Bueno“, кој всушност е фил на познатата чоколадна лента и одлично оди со леб.

Доброто е што не треба да чекате да го најдете на полиците на нашите продавници, можете сами да го направите дома.

Тоа е многу едноставен рецепт базиран на само три состојки!

Состојки:

  • 250 грама лешници
  • 100 грама стопено бело чоколадо
  • прстофат сол

Подготовка:

Печете ги лешниците во рерна на температура од 200 степени околу 10 до 12 минути.

Потоа ставете ги во сува крпа и истријте ги да им падне лушпата.

Во блендер ставете ги излупените печени лешници и додадете прстофат сол и мешајте додека не стане мазна смеса.

Во меѓувреме растопете ја чоколадата „на пареа“ – загрејте ја водата во тава, намалете ја топлината и врз неа ставете го садот со чоколадото. Важно е да се истакне дека чоколадото не смее да дојде во допир со вода. Затоа, сите работи што се користат при топењето на чоколадото мора да бидат целосно суви. Чоколадото нежно измешајте го за да се растопи рамномерно.

Потоа додадете го стопеното бело чоколадо во блендерот и продолжете со процесот на мешање додека смесата не стане доволно густа за да се намачка на леб.

Тоа е тоа. Пријатно!